Home Events - svetapetka Богослужба Тропар на Преп.Параскева – Света Петка

Тропар на Преп.Параскева – Света Петка

14 октомври / 27 октомври

Пустинскиот и самотен живот си го засакала,
и по стапките на Христа, твојот избраник во црно си тргнала
и благиот Негов јарем од младоста си го зела,
со крстот си се наоружала против враговите на душата,
со пост, молитви и капки од солзи си ги угасила
страстите многуславна Параскево.
Во небесните живеалишта со мудрите девојки
кога стоиш пред Христа моли се за нас,
кои го празнуваме чесниот ти спомен.

Кондак глас 6

Сите набожно да ја воспееме сечесна Параскева, светата застапница на оние што се во неволи, зашто таа го остави гнилежниот живот, и прими негнилежен за вечноста; затоа, по Божја заповед, најде слава и благодат да прави чудеса.

Икос

Дојди собору од испосници, дојдете љубители на чистотата,
дојдете празникољупци , на возраст секаква, со песни духовни да ја пофалиме пустинољубивата грлица,
похвала на испосниците, красота на девиците, украсот на тихувателите (исихастите),
утешителката на ожалостените, посетителката на болните, и на оние што се во неволји – брза помошница – богомудрата Параскева, која на сите им точи исцеленија, зашто, по Божја заповед, ја прими благодатта да прави чудеса…

  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date

Окт 14 2024

Time

8:00 am - 6:00 pm

Local Time

  • Timezone: America/New_York
  • Date: Окт 14 2024
  • Time: 2:00 am - 12:00 pm
Категории

Next Occurrence