Home Events - svetapetka Велика Сабота
velika sabota

Велика Сабота

Велика сабота или Велјасабота (грчкиΜεγάλο ΣάββατοлатинскиSabbatum Sanctum) — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој е осми ден од Страсната седмица, односно 7 дена по Лазаровата сабота и шест по Цветници. А според западното христијанство тој е седми ден од страсната седмица, односно шест дена по Цветници. Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Сабота, значи покој. Велика сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Тоа е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на христијанската жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Сабота е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Христовата Мајка – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Исуса Христа. Денес на овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. Велика сабота е определена како Ден за чување на гробот.

Date

Апр 15 2023
Завршен

Time

Цел Ден

Local Time

  • Timezone: America/New_York
  • Date: Апр 15 2023
  • Time: Цел Ден