О, велика Божја угодничке! Храбра девојко, цврста маченичке, света Параскево! Со твоите свети молитви биди ни помошничка нам грешните, застапувај се и моли се за покајаните грешници. Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото Евангелие, ревнителке за Господовите заповеди, која се удостои да влезеш во пристаништето на вечниот спо.кој и во одајата на твојот жених Христос Бог да се радуваш, со двоен венец на девство и мачеништво украсена! Те молиме, света маченичке, биди за нас молителка кон Христа Бога, од Чиј што преблажен поглед секогаш се радуваме. Моли Го Семилостивиот, Кој со еден збор на слепородениот му ги отвори очите, да нѐ избави од болеста на нашите очи, на телесните и дyxoвните; pacтргај го со своите молитви духовниот мрак, создаден од нашите гревови, измоли од Отецот на Светлината благодатна светлина за нашите дyxoвни и телесни очи; просвети нѐ нас, помpaчените од гревови, со светлината на Божјата благодат, та преку твоите cлепи молитви да им се даде на оние кои не гледаат слатко гледање. О, Велика Божја угодничке! Храбра девојко, цврста маченичке, света Параскево! Со твоите свети молитви биди ни помошничка нам грешните, застапувај се и моли се за покајаните грешници, побрзај да ни помогнеш, бидејќи сме немоќ-ни. Моли Го Господа, чиста девојко, моли Го Милосрдниот, света маченичке, моли Го твојот Жених, непорочна невесто Христова, та потпомогнати од твоите молитви, да го pacтргнеме гревовниот мрак, во светлината на вистинската вера и дела Божествени да влеземе во светлината на вечниот невечерен ден, во градот на постојана радост, во кој ти светло блескаш со слава и бескрајна веселба, славословејќи и воспевајќи го со сите небесни сили Трисветлото Единствено Божество, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Св. Петка (позната и како Св. Параскева и како Мајка Параскева) — светителка од градот Епиват, кој се наоѓал меѓу Силинаврија и Цариград. Таа е родена кон крајот на XX век, во Петок, денот кога Евреите се подготвуваат за празнување на празникот Сабат (Сабота). Затоа, нејзе ѝ го дале името Параскева, што значи „подготовка“. Родителите ѝ биле богати христијани од словенско потекло, а освен Петка, имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал епископ Малитски.