Велигден
Велигден или Воскресение Христово — најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година од н. е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден, недела по Велики петок.
Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот: „Христос воскресна“ на што се одговара: „Навистина воскресна“.