МПЦО Св. Петка
МПЦО Света Петка е нашето гнездо во Диселдорф, Германија.
И тука сме меѓу свои, сплотени во деновите зад нас и деновите што не очекуваат.
Се пребројуваме преку 1000 члена и среќни сме што нашето јато продолжува да расте.
Исполнети, со радост прославуваме, со почит одбележуваме, се среќаваме и другаруваме. Жарот на вечниот оган во нас, сите го одржуваме, во името на нашата вера во Бога и нашата заштитничка Света Петка.
Тука меѓу нас, секогаш сте добредојдени.
Историјат
МПЦО “Света Петка” од Дизелдорф е основана на 03.04.2005 година. На 05.06.2007 е призната во градот Дизелдорф.
Основачи на МПЦО “Света Петка” од Дизелдорф се: Јакимосвки Драган, Трпковски Јован, Трпкоска Марија, Сандрески Цветан, Димовска Зорица, Петкоски Цветан, Петкоска Ристана, Јованоски Панде, Јованоска Стојна, Андревски Методија, Андревска Мирјана, Андревски Горан, Толоманоски Горан, Јакимовска Лилјана, Стојановска Доста, Баталоски Илија, Баталоска Марија, Баталоски Јован, Тодоровски Коста, Максимовски Марјан, Толоманоски Дарко, Димовска Мелани и Петкоски Марио.
Петседателот Драган Јакимовски со Потпреседателката Лилјана Јакимовска и Благајникот Методија Андревски ја водеа оваа Црковна општина од 03.04.2005 год до 21.03.2015 година.Сите овие години Црковната општина беше во мирување. Имаше две до три богослужби во текот на годината за Божиќ и Велигден.
Со благослов на неговото Високопреосвештенство митрополитот Европски г.Пимен парохијата Св. Петка повторно е обновена . И тоа со единствена цел да има редовен духовен живот. На 22.03.2015 година е добиен благословот и за Велигден е избрано ново раководно тело. Тогаш за претседател е избран Зоранчо Златески, заедно со новите членови на управниот одбор.На 24.11.2016 е преземено раководењето на Црковната општина од страна на Зоран Андревски како претседател и избрани се новите членови во црковниот одбор. По благослов на нашиот владика г.Пимен, во црквата служи отец Душко Пецов од Дортмунд. Во 2018 година отецот извршува три богослужби во Саботни денови.
Веќе во 2018 година со благослов на европскиот митрополит г.Пимен, на мисионерска дејност доаѓа отец Трајче Грозданов. Тој својата мисија ја започнува во Германија на 03.10.2018 година како парохиски свештеник за црквите во Дизелдорф и Келн. Првата Литургија ја отслужи на 04.12.2018 за празникот Воведение на Пресвета Богородица. Од Март 2018 се до Март 2023 година се одржуваа Литургии и богослужби во Црквата Marienkirche во Ратинген со почеток од 13 часот. Литургии имаше два пати месечно во недела. Кога почна со активен литургиски и духовен живот нашата парохија имаше само 20 парохијани.Денес имаме преку 170 парохијани и секојдневни контакти со нашите верници. На собранието на 16.10.2022 година избрано е ново раководство.За претседател е избран Марјан Трајковски, за секретар Софија Цуцулеска и благајник Маја Трајковска заедно со новиот управен одбор кој брои околу 17 членови , ова раководство активно работи до денес. Од Април 2023 година благодарение на Католичката Црква и свештеникот г.Керн ја добивме на располагање Црквата Josefkirche во Ратинген. По Божја промисла сега секоја Недела и Празник нашите Литургии ги одржуваме редовно во 10 часот. Црквата е отворена преку целиот ден за секогаш да може да одговори на духовните потреби на сите наши парохијани и духовни чеда на нашата Света Црква.
Основачи
- Јакимосвки Драган,
- Трпковски Јован,
- Трпкоска Марија,
- Сандрески Цветан,
- Димовска Зорица,
- Петкоски Цветан,
- Петкоска Ристана,
- Јованоски Панде,
- Јованоска Стојна,
- Андревски Методија,
- Андревска Мирјана,
- Андревски Горан,
- Толоманоски Горан,
- Јакимовска Лилјана,
- Стојановска Доста,
- Баталоски Илија,
- Баталоска Марија,
- Баталоски Јован,
- Тодоровски Коста,
- Максимовски Марјан,
- Толоманоски Дарко,
- Димовска Мелани,
- Петкоски Марио.
Управа
Трајче Грозданов
Свештеник
Маријан Трајковски
Претседател
Маја Трајковска
Благајник
Софија Цуцулеска
секретар