Биографија на Митрополит Европски г.Пимен
Роден во Ресен – Република Македонија, од православни родители на ден 03.10.1971 година , со световно име Сотир Илиевски. Основно и средно образование завршува во Ресен. Во 1994/95 година се запишува на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. По за-вршувањето на трета година од студиите во Мај 1997 година заминува во манастирот посветен на „Свети Леонитиј“ во Водоча, каде истата година е замонашен и го добива името ПИМЕН. Во таа година ракоположен е и во јероѓаконски чин а потоа и во јеромонашки од надлежниот Митрополит на Струмичката епархија г. Наум.
Во почетокот на 1998 година е поставен за старешина на манастирот на „Свети Петнаесет Свештеномаченици“ во Струмица, а од втората половина на истата година е поставен за старешина на манастирот „Свети Леонитиј“ во Водоча. Во Јануари 1999 година е произведен во игуменски чин и од Септември истата година ја врши должноста Архиерејски намесник на Струмичката епархија. Од 2003 година е на должноста секретар на Струмичката епархија.
Во Фебруари 2004 година со братството се сели во манастирот посветен на „Свети Климент и Наум“ во село Хамзали – Струмичко, каде што е и поставен за старешина на тој манастир. Во Март 2004 година ги завршува студиите на Бгословскиот факултет Свети Климент Охридски во Скопје, и набрзо потоа поточно на Цветници истата година е произведен во архимандритски чин.
Од Септември истата година се наоѓа во Париз –Франција каде се запишува на поздипломски студии на Православниот Теолошки институт „Свети Сергеј“ во Париз и истовремено е и парохиски свештеник во Македонската Православна Црковна Општина „Св.Климент Охридски“ – Париз и „Св.Илија“ – Брисел –Белгија.
На Синодската седница во Април 2005 година, Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква го вбројува на списокот за избор на нови архиереи заедно со останатите двајца Архимандрити Методиј и Климент.
На празникот на сите Македонски светители на 01/02.10.2005 година во новообновениот храм на „Свети Пантелемон“ и „Свети Климент Охридски“ на Плаошник, и наредниот ден во катедралната црква на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид, беше наречен односно хиротонисан за за викарен епископ на Струмичката епархија со титула Епископ Полјански.
Од 06.04.2006 година е поставен за администратор на Македонската Православна епархија за Европа со сите права и должности.
На редовна седница одржана на 22.06.2006 година, Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква го поставува за Митрополит на Македонската Правослвна Епархија за Европа.
Зборува Француски и Англиски, а се служи и со Руски јазик.