BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv6.9.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://svpetka.de/de//
X-WR-CALNAME:svetapetka
X-WR-CALDESC:
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-37e7897f62e8d91b1ce60515829ca282@svpetka.de
DTSTART:20230408T220000Z
DTEND:20230409T220000Z
DTSTAMP:20230412T200200Z
CREATED:20230412
LAST-MODIFIED:20230412
PRIORITY:5
SEQUENCE:5
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Цветници[DE]
DESCRIPTION:Цветници (Цветоносна недела или Врбица) — христијански ( https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE ) празник ( https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D0%BA ) во спомен на влегувањето на Исус Христос ( https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%81 ) во Ерусалим ( https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BC ), кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот. Денот на празнување секогаш е една недела пред Велигден ( https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B4%D0%B5%D0%BD ).\nСпоред тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха ( https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B0%D1%81%D1%85%D0%B0 ) мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија ( https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%92%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&action=edit&redlink=1 ) е тешко болен. Исус веднаш се упатил тамо но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога Бог ќе ти даде”.\nЛегендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор”. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.\nКога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија ( https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%92%D0%B8%D1%82%D1%84%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0&action=edit&redlink=1 ) да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати”. Учениците ги донеле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ.\nВаквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот.\nПречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на висините”.\nВо спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека. Овој празник е подвижен празник. Зависи од тоа во кој ден ќе падне Велигден.\n
URL:https://svpetka.de/de/events/%d1%86%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8de/
ATTACH;FMTTYPE=image/webp:https://svpetka.de/wp-content/uploads/2023/03/vleguvanje-na-isus-vo-erusalim-freska.webp
END:VEVENT
END:VCALENDAR
