Се празнува Божиќ[DE]

„Христос се роди, навистина се роди “ – овие зборови утрово одекнаа во храмовите . Православните верници си го честитаа најголемиот христијански празник – Божиќ.

Верниците кои дојдоа во Соборниот храм во најголем дел се придржуваа до мерките за заштита од Ковид 19. Но имаше и верници кои без никаква заштита на лицето ја слушаа богослужбата.

Во храмовите се служеше Златоустовата литургија, верниците кои се придржувале кон божиќните пости, денеска се причестуваа.

Да живееме поспокојно,со меѓусебна љубов и разбирање, посакуваат верниците.. Божиќ е празник на најголема радост – се посетуваат храмовите, со молба кон Бога за здравје и бериќет. Денот го минуваат со најблиските, на богата трпеза во домот на постарите, каде децата и внуците доаѓаат да посакаат среќа и радост во текот на целата година.

Споделете