Плаошник – Црква на Светите Климент и Пантелејмон[DE]

Светиклиментов универзитет


Во манастирот околу црквата во времето на Св. Климент се наоѓала Охридската школа, жариште на словенската писменост и култура. Овде Климент Охридски, прв писател меѓу македонските Словени, ги составувал своите литературни творби, меѓу кои и Пофалното слово за Кирил, ремек-дело на средновековната словенска книжевност.

Во тек е проект за обновување на Светиклиментовиот универзитет кој треба да претставува реминисценција на Светиклиментовото време и дух во модерно значење. За таа цел, во 2007 е формиран Одбор за возобнова на Светиклиментовиот универзитет, составен од еминентни научници, црковни и официјални лица, кој раководи со проектот. По целосното археолошко истражување, ќе се изградат нови објекти во кои ќе биде сместена голема библиотека, Галеријата на икони, како и старите ракописи од Музејот и завод – Охрид и од други културни и научни центри, а еден дел објекти ќе и бидат доделени на МПЦ. Универзитетот треба да биде спој на световното и сакралното. Според планот, проектот треба да биде завршен во 2009 година.

Споделете