Плаошник – Црква на Светите Климент и Пантелејмон[DE]

Плаошник


Поглед кон Плаошник од север.

Плаошник или „Плаош“ — месност на јужната страна од ридот на кој се наоѓа стариод град Охрид, на околу 250 м јужно од централниот дел од Самуиловата тврдина.

Плаошник е познат како светилиште уште од почетоците на христијанството, а веројатно и пред тоа. Пронајдени се неколку големи ранохристијански базилики, како и остатоците од црквата Свети Пантелејмон која ја изградил и во која работел Свети Климент Охридски.

На 11 август 2002 година свечено бил осветен новоизградениот храм Светите Климент и Пантелејмон, кој всушност претставува реплика на Светиклиментовата црква, изградена на истите темели. Црквата била урната во периодот на Отоманското владеење и на нејзината основа била изградена џамија. По реставрацијата во 2002, по 530 години, овде повторно се пренесени моштите на Св. Климент Охридски кои во меѓувреме биле сместени во црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид.

Споделете