МПЦО Св. Петка
МПЦО Света Петка е нашето гнездо во Диселдорф, Германија.
И тука сме меѓу свои, сплотени во деновите зад нас и деновите што не очекуваат.
Се пребројуваме преку триста члена и среќни сме што нашето јато продолжува да расте.
Исполнети, со радост прославуваме, со почит одбележуваме, се среќаваме и другаруваме. Жарот на вечниот оган во нас, сите го одржуваме, во името на нашата вера во Бога и нашата заштитничка Света Петка.
Заедно, се афирмираме себеси и заедницата преку спортот и фолклорот.
Тука меѓу нас, секогаш сте добредојдени.
Историјат
МПЦО Света Петка е основана на 03 Април 2005 година во Дизелдорф, Германија. Две години подоцна, на 05 Јуни 2007 година црковната општина е призната од градот Диселдорф.
Првото раководство го сочинуваа петседателот Драган Јакимовски со потпретседателката Лилјана Јакимовска и благајникот Методија Андревски. Ова раководство ја водеше црковната општина во периодот од 03 Април 2005 година до 23 Ноември 2016 година.
На 24 Ноември 2016 избрано е ново раководство кое го презема раководењето со црковната општина и е составено од претседателот Зоран Андревски, потпретседателот Марјан Трајковски и благајникот
Јован Трпковски.
На 24 Јули 2018 година Дејан Николовски е избран за нов благајник.
На 11 Мај 2019 година за должноста благајник избрана е Роска Келер.
Основачи
- Јакимосвки Драган,
- Трпковски Јован,
- Трпкоска Марија,
- Сандрески Цветан,
- Димовска Зорица,
- Петкоски Цветан,
- Петкоска Ристана,
- Јованоски Панде,
- Јованоска Стојна,
- Андревски Методија,
- Андревска Мирјана,
- Андревски Горан,
- Толоманоски Горан,
- Јакимовска Лилјана,
- Стојановска Доста,
- Баталоски Илија,
- Баталоска Марија,
- Баталоски Јован,
- Тодоровски Коста,
- Максимовски Марјан,
- Толоманоски Дарко,
- Димовска Мелани,
- Петкоски Марио.
Управа
Трајче Грозданов
Свештеник
Зоран Андревски
Претседател
Марјан Трајковски
Потпретседател
Роска Келер
Благајник
Димитар Ивановски
Надзор
Елизабета Андревски
Записничарка