Македонска Православна Црковна Општина – Диселдорф.
МПЦО Св. Петка
МПЦО Света Петка е нашето гнездо во Диселдорф, Германија. И тука сме меѓу свои, сплотени во деновите зад нас и деновите што не очекуваат. Се пребројуваме преку триста члена и среќни сме што нашето јато продолжува да расте. Исполнети, со радост прославуваме, со почит одбележуваме, се среќаваме и другаруваме. Жарот на вечниот оган во нас, сите го одржуваме, во името на нашата вера во Бога и нашата заштитничка Света Петка. Заедно, се афирмираме себеси и заедницата преку спортот и фолклорот. Тука меѓу нас, секогаш сте добредојдени.
Историјат
МПЦО Света Петка е основана на 03 Април 2005 година во Дизелдорф, Германија. Две години подоцна, на 05 Јуни 2007 година црковната општина е призната од градот Диселдорф.
Првото раководство го сочинуваа петседателот Драган Јакимовски со потпретседателката Лилјана Јакимовска и благајникот Методија Андревски. Ова раководство ја водеше црковната општина во периодот од 03 Април 2005 година до 23 Ноември 2016 година.
На 24 Ноември 2016 избрано е ново раководство кое го презема раководењето со црковната општина и е составено од претседателот Зоран Андревски, потпретседателот Марјан Трајковски и благајникот Јован Трпковски.
На 24 Јули 2018 година Дејан Николовски е избран за нов благајник.
На 11 Мај 2019 година за должноста благајник избрана е Роска Келер.